ДОМ во Парламентот ќе го поддржи законот за минимална плата

пред 3 години

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин и претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска остварија средба на која дискутирале за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари а со тоа, како што се вели, спирално ќе се зголемат и останатите плати.

Од ДОМ информираат дека од страна Морачанин било истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.

Претседателот на ССМ, Димовски истакнал дека ССМ ја поздравува одлуката и дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.

 

Share
Scroll to Top