Тоа што ДУИ го објави во однос на купувањето на електрична енергија, вчера го потврди и Државниот завод за статистика, со тоа што бруто-производството на електрична енергија од страна на термоелектраните е намалена за цели 22.5% споредено со истиот период од претходната година, велат од оваа партија.
Овој недостаток, според ДУИ е целосно компензиран со купување на базна електрична енергија.
„За да бидат граѓаните во целост информирани, електричната енергија е купена од ТЕ-ТО и тоа е јавна достапна информација.
За да се утврди, кој ја кажува вистинита, ја повикуваме ЕСМ да ги објави сите јавни повици и договори за купо-продажба на електрична енергија, за граѓаните да имаат увид во тоа како се менаџира со електро-енергетските капацотети на државата“.
Текстот ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари намалено за цели 22.5 проценти е превземен од МАКФАКС.




