ЕВН, ЕСМ и ЕДС во трка за универзален снабдувач со струја

ЕВН, ЕСМ и ЕДС во трка за универзален снабдувач со струја

пред 12 месеци

Во Владата јавно беа отворени понудите на пријавените на јавниот повик за универзален снабдувач со струја.

Пристигнати биле три понуди: од досегашниот снабдувач ЕВН Хоум, ЕСМ Продажба, како и ЕДС АД Скопје.

ЕВН понудила бруто маржа од 11,4%. Исто толкав процент понудила и ЕСМ Продажба. Нешто повиска маржа од 11,45% понудиле од ЕДС.

Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација“, велат од Владата.

Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

При отворањето на понудите, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите.

Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец.

Текстот ЕВН, ЕСМ и ЕДС во трка за универзален снабдувач со струја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top