Електро-енергетскиот систем вo државата е стабилен, кажа Мицкоски

Електро-енергетскиот систем вo државата е стабилен, кажа Мицкоски

пред 5 часа

Електро-енергетскиот систем во земјава е стабилен, кажа премиерот Христијан Мицкоски по денешната вонредна владина седница.

Тој информира дека во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80 илјади тони јаглен во Битола и 160 илјади тони во Кичево. Акумулациите, како што посочи, се на ниво од околу 40 отсто.

„Tоа би било доволно за сè да престане, тие само да работат, за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но сè останато си функционира нормално, така што електро-енергетскиот систем е апсолутно стабилен“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека главен предизвик во моментов е цената на мазутот, која е поврзана со одлуките на Регулаторна комисија за енергетика, и најави можна интервенција со околу 2.000 тони мазут за ЕСМ.

„Со тоа нема дозволиме да се зголемат трошоците на компанијата, имајќи ги предвид поволната хидролошка состојба и консолидирањето на рудниците конечно можеме да кажеме дека во А.Д. ЕСМ состојбата е нормализирана и е стабилна, и не сакаме да дозволиме со овие повисоки цени на мазутот да дојде до дизбаланс на финансиското портфолио на компанијата. Тие знаете дека вршат регулирана дејност, потоа тоа го пријавуваат во РКЕ и врз основа на тоа и врз основа на трошоците се зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата“, вели Мицкоски.

Додаде дека состојбата во ЕСМ е стабилизирана и нормализирана, и оти Владата со овие мерки ќе настојува да спречи зголемување на цената на струјата и да го заштити стандардот на граѓаните.

Текстот Електро-енергетскиот систем вo државата е стабилен, кажа Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top