Исплатата на пензии за месец април 2022 година ќе започне од 26.04.2022 година

пред 2 години

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21.04.2022 година кои треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2022 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2022 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2022 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2022 година (петок ).

Share
Scroll to Top