Казината ќе продолжат да работат по 18 часот, но не смеат да служат храна и алкохол

пред 4 месеци

Министерот за економија, Крешник Бектеши, појасни дека казината и обложувалниците кои нудат и угостителски услуги, ќе мора да ја почитуваат новата мерка на Владата за работење до 18 часот.

„Не сум информиран колку кладилници и обложувалници внатре во нивните објекти имаат и угостителство, но секако дека тие што имаат во нивен склоп услуги во делот на угостителството ќе треба да ги почитуваат мерките и нема да можат да работат во делот на угостителството“, рече министерот Бектеши.

Владата вчера ги прифати препорачаните мерки од Комисијата за заразни болести, па од овој петок сите угостителски објекти ќе може да работат само до 18 часот, а не до 21 како досега.

Бектеши вели дека и во следната година ќе има поддршка за угостителскиот сектор кој е погоден од мерките против ширење на Ковид-19.

Share

WCOStream wcostream dragon ball z: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 12

4Anime toilet bound hanako kun 4anime: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 1 (https://4anime.biz/m/922g/ep-1)

Scroll to Top