Проектот „СФЕРА – во нова ера – моја кариера“е избран меѓу трите најдобри во категоријата Enterprise (1000+) на престижниот конкурс „Најдобри регионални HR практики 2026“, што се одржа во Ровињ – Хрватска, каде го освои третото место во категорија на компании со над 1000 вработени и во силна конкуренција на компании од целиот регион. Финалистите имаа можност да ги претстават своите проекти на HR Days конференцијата која се одржа од 21 до 23 април.
Оваа значајна награда претставува потврда за стратешкиот пристап на компанијата и за посветеноста кон развојот на човечкиот капитал, како и креирање на современи HR решенија, практики и создавање работна средина што го поттикнува кариерниот раст и ангажираноста на вработените.
Проектот „Сфера во нова ера – моја кариера“ е насочен кон трансформација на работното искуство, преку воведување иновативни HR практики, персонализирани развојни патеки и зајакнување на организациската култура. Со оваа иницијатива, Сфера активно придонесува кон поставување нови стандарди во управувањето со човечки ресурси во регионот.
ПР
Текстот Компанијата „Зегин“ со проектот Сфера е меѓу топ 3 HR проекти во регионот е превземен од МАКФАКС.





