Мицкоски: Очекувам дека денес дизелот повторно ќе поевтини за 2 до 2,5 денари

Мицкоски: Очекувам дека денес дизелот повторно ќе поевтини за 2 до 2,5 денари

пред 3 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ценовната криза за бензините, дали ќе се врати ДДВ-то за дизелот и дали претходната одлука беше преуранета со оглед на тоа што цените повторно пораснаа, изјави:

„Не мислам дека е преуранета, напротив. Македонија како држава, веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза, поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави којашто направи вака робусна мерка, веднаш. И со тоа успеа да го задржи нивото на едни пристојни граници. Според нашите калкулации, јас очекувам дека денеска повторно дизелот ќе поевтини, отприлика за 2-2,5 денари, бидејќи минатата недела просекот беше таков на плац во ФОБ Италија, што за нас претставува репер берза. Очекувам мало зголемување на бензините, но тука веќе ДДВ-то ни е 10%. И оваа недела останува на 10%. Кон крајот на неделата ќе ги правиме математиките, па ќе носиме одлуки како понатаму. Останува во функција до крајот на април попустот што го договоривме со ОКТА.

Така што, апсолутно како Влада во овие два месеци се бориме жилаво и успеавме да не дозволиме како многу пати во минатото да бидеме на дното, туку напротив да бидеме на врвот според процентот на мерки од нашиот бруто домашен производ. А од друга страна да немаме ценовни шокови, ни инфлации со двоцифрен број проценти како што тоа впрочем беше во 2022 година. А имајќи предвид дека оваа енергетска криза е поголема од сите три претходни енергетски кризи и таа 2022-та и тие од 70-те години, заедно. Мислам дека како Влада којашто две години жилаво се бори да ги исправи грешките правени со децении, успеавме при еден конструктивен, офанзивен пристап, да задржиме ценовна стабилност.“

Текстот Мицкоски: Очекувам дека денес дизелот повторно ќе поевтини за 2 до 2,5 денари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top