Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.
„Имавме два супер успешни квартала, тоа беа четвриот и третиот квартал од минатата година. Првпат забележавме раст по долго време од 3 отсто и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодачи од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат“, истакна премиерот Мицкоски.
Тој информира дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:
„Она што го ветивме за првата година, ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина, за овие девет месеци направивме многу убави работи што некои ги ветивме, други ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“.
Текстот Мицкоски: Првпат имавме раст од 3 отсто и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа е превземен од МАКФАКС.