Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, во третиот квартал од оваа година, пазарот на недвижности во Македонија бележи намалена активност кај купопродажбите, додека кај закупите е забележан раст на бројот на склучени договори.
„Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите.
Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % во однос на претходниот квартал, додека кај бројот на закупи има раст од 2,8 %.
Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесува 339 милиони евра и е намалена за 3,6 % во споредба со претходниот квартал. Од нив, 337,8 милиони евра се однесуваат на купопродажбите со пад од 3,6 %, а 1,1 милион евра на закупите со пад од 10,2 %“, се ситакнува во информацијата на агенцијата.
Од таму истакнуваат дека особено интересен е податокот за пазарот на станови, кој покажува намалување на продажбата на станови за 14 %, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 6 % во споредба со предходниот квартал. Кај закупите забележан ераст на бројот на закупени станови од 45 %, и зголемување на вкупната месечна закупнина за 31 % во споредба со претходниот квартал.
„Нашата оценка е дека пазарот покажува различни движења во двата сегмента – намалена активност кај купопродажбите и умерен раст кај закупите по бројот на договори, но намалување на вкупната месечна закупнина“, нагласуваат од агенцијата.
Текстот Намалена продажбата на станови за 14, пораст на закупнините за 45 проценти во третиот квартал од годината е превземен од МАКФАКС.





