Намалување на цената на горивата од полноќ

пред 3 години

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.

Од 13.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензинот за 0,814%, кај дизелот за 2,204%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,489% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,47%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за 0,189%.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.3.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Share
Scroll to Top