Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 60. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 60. сесија на Клубот на истражувачите

пред 1 час

На 18 декември 2026 година (петок), во просториите на Народната банка ќе се одржи 60. сесија на Клубот на истражувачите, соопшти Народната банка.

„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 10 декември 2026 година (четврток).

Трудовите, според соопштеното, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

„Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи“.

Текстот Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 60. сесија на Клубот на истражувачите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top