Нина Неданоска: ЕСГ-стандардите се силно вклучени во стратегијата на Шпаркасе Банка

Нина Неданоска: ЕСГ-стандардите се силно вклучени во стратегијата на Шпаркасе Банка

пред 3 недели

ЕСГ-стандардите имаат стратегиско значење за развој на компаниите и на целото општество – ваква порака пратија учесниците на панел-дискусијата организирана од Европската бизнис асоцијација во соработка со Шпаркасе Банка, во рамките на тренинг-центарот на Шпаркасе Банка.

Заменик-претседателката на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Нина Неданоска, истакна дека Шпаркасе е одржлива банка што одговара на потребите на денешницата, без притоа да ја компромитира иднината и потребите на следните генерации.

„Силната посветеност на топ-менаџментот на Шпаркасе Банка е суштествена за успешно интегрирање на ЕСГ-стандардите најпрво во мисијата и вредностите на бизнисот, а потоа во моделот на работење. Активната комуникација со инвеститорите, вработените, клиентите, партнерите, добавувачите, заедницата – потребно е да се биде во постојана релација со нив за да се разберат нивните очекувања и грижи во врска со ЕСГ. Редовната комуникација и фидбек се клучни за градење доверба и соработка“, рече пред присутните заменик-претседателката на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Неданоска истакна дека важна улога има и транспарентноста за сите процеси на Банката, како намалување на јаглеродни емисии, на отпадот, промоција на диверзитет, етика, негување сигурна и здрава работна околина. Навремената информација ја подигнува кредибилноста и довербата кај заинтересираните страни, рече таа пред присутните на панелот.

„Во нашата групација се разменуваат знаења, примери на добра практика, информации, новитети. Како граѓани имаме моќ на влијание преку потрошувачките навики, преку истакнување на нашите желби и потреби во уредување на просторот во кој живееме и работиме. Интерно во Банката, свесноста кај вработените за значењето на проектите што имаат импакт на околината и на општеството е висока, а тоа е основа за успешноста на реализираните ЕСГ практики“, порача заменик-претседателката на УО на Шпаркасе Банка.

Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност – „Sparkasse Life“, Банката ги продолжува активностите за проширување и развој на областите во културата и уметноста, здравството, спортот, финансиската едукација и заедницата во која припаѓа.

На панел-дискусијата, посветена на ЕСГ-стандардите во бизнис-заедницата, учествуваа докажани професионалци, менаџери, како и директорката на АХК за Северна Македонија, Косово и Албанија. Панелистите заклучија дека за креирање подобра и одржлива бизнис околина, задолжителна е соработка помеѓу секоја од страните – државата, бизнисите, граѓаните.

(ПР)

Текстот Нина Неданоска: ЕСГ-стандардите се силно вклучени во стратегијата на Шпаркасе Банка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top