Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија

Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија

пред 7 часа

Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд.

„Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија.

Со ова клиентите во Македонија ќе добијат поголем избор, а во рамките на компанијата „Еуроимпекс“, ќе имаат на располагање сеопфатна понуда на едно место.

Факти за CHANGAN

· Во автомобилската индустрија – CHANGAN е еден од четирите најголеми автомобилски производители во Кина и еден од најбрзо растечките глобални брендови во сегментот на интелигентната и одржлива мобилност, официјално пристигнува на македонскиот пазар.

· Со повеќе од 60 години искуство во автомобилската индустрија, CHANGAN денес е присутен во над 100 пазари ширум светот, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри во Кина, Италија, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД, како и со десетици производствени капацитети и илјадници инженери и експерти кои работат на развојот на мобилноста на иднината.

· CHANGAN е глобален автомобилски производител кој континуирано инвестира во иновации, електрификација и паметни технологии, со јасна визија да стане еден од водечките автомобилски брендови во светот. Неговата филозофија „Smart Your Future“ ја отсликува посветеноста кон создавање возила кои нудат безбедно, интелигентно и поврзано возачко искуство.

„Со особена чест и гордост воведуваме нов бренд во нашето портфолио. Кинескиот автомобилски гигант, CHANGAN. Овој бренд претставува совршен спој на иновација, технологија и квалитет, а нашата цел е на клиентите да им понудиме автомобили кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди. Убедени сме дека CHANGAN ќе биде освежување на домашниот автомобилски пазар и ќе постави нов праг на очекувања кај потрошувачите“, изјави Извршниот Директор на Еуроимпекс – Зоран Серафимовски

„Во првата фаза, клиентите ќе имаат можност да се запознаат со моделите кои веќе успешно се претставуваат на европските пазари, нудејќи напредни системи за безбедност, современи дигитални технологии, електрифицирани погонски решенија и врвно ниво на комфор. Со официјалното пристигнување на CHANGAN, купувачите во Македонија добиваат не само нов автомобилски бренд, туку и целосно корисничко искуство кое вклучува професионална продажба, овластен сервис и постпродажна поддршка, согласно највисоките стандарди на производителот.“ – изјави Ивана Мначева Михајловска – Заменик извршен и Маркетинг Директор во Еуроимпекс.

За CHANGAN

CHANGAN Automobile е еден од најголемите автомобилски производители во Кина, со повеќе од четири децении искуство во развојот и производството на патнички возила. Компанијата е присутна во над 100 земји и региони, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри и е препознаена како еден од лидерите во областа на интелигентната и одржлива мобилност.

За Еуроимпекс

Еуроимпекс е првата приватна компанија во автомобилската индустрија во Македонија и е една од водечките компании со 35 годишно искуство во увоз-извоз, продажба и сервисирање на возила. Со воведувањето на брендот CHANGAN, компанијата продолжува да ја реализира својата визија за лидерство на македонскиот пазар како и обезбедување на најсовремени глобални автомобилски решенија за клиентите.

ПР

Текстот Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top