Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

пред 9 месеци

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 % во однос на одлуката од 2.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,270 %, кај дизелот има намалување за 0,509 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 1,359 % и кај мазутот намалувањето е за 0,804 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146 %.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари/л.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,087 денари/кг и сега ќе изнесува 41,352 денар/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 6.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, извести РКЕ.

Текстот Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top