1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx
Oдговорни институции за спроведување на мерката во Северна Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Северна Македонија.
Оваа мерка придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ.
Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот се потврдува подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестиции и вработување на Западен Балкан.
Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства.
Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ-ИД им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа.
Текстот Од денеска македонските граѓани полесно до работа во Србија и Албанија е превземен од МАКФАКС.