Потпишана спогодба за продолжување на колективниот договор на АД ЕСМ

пред 4 години

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на Синдикалната организација на Државните електрани на Република Северна Македонија, Јове Смилевски, денес потпишаа спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор за период од две години.

Спогодбата се однесува на Колективниот договор на друштвото потпишан во декември 2018 година.

„По потпишувањето на документот, двете страни изразија задоволство од квалитетот на социјалниот дијалог кој во континуитет се одвива во АД ЕСМ . Менаџментот на компанијата и синдикалните претставници на вработените потенцираа дека отворената и искрена комуникација помеѓу двете страни ќе продолжи и во иднина, со цел понатамошно подобрување на условите за работа на вработените во најголемата енергетска компанија во земјава, како и заштита на нивните права“, соопштија од компанијата.

Share
Scroll to Top