Претседателката на Европската банка за обнова и развој утре доаѓа во втора посета на земјава

Претседателката на Европската банка за обнова и развој утре доаѓа во втора посета на земјава

пред 5 месеци

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил РеноБасо ќе дојде во дводневна посета на земјава. Ова ќе биде нејзината втора посета откога е на функцијата. Првата ја направи во мај 2022 година.

„Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија по втор пат. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции“ рече претседателката Рено – Басо.

За време на посетата Претседателката на ЕБОР ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.

ЕБОР е главна институција во земјава во однос на инвестициите во земјата. До денес, Банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во целата земја.

 

Текстот Претседателката на Европската банка за обнова и развој утре доаѓа во втора посета на земјава е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top