СДСМ: Започна социјален дијалог меѓу Владата и ССМ за нов општ колективен договор и покачување на платите

пред 3 години

За владата предводена од СДСМ приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните, покачување на платите и справување со најголемата економска и енергетска криза, посочуваат од оваа партија.

Владата и ССМ, додаваат од таму, го започнаа социјалниот дијалог за нов општ колективен договор со вклучено покачување на платите од 2.806 денари за сите во јавниот сектор.

„На состанокот со репрезентативниот синдикат веќе е утврдена рамката на разговорите преку кои треба да се дојде до решение. Таа го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето, или 4.333 денари бруто, за сите во јавниот сектор. А, ќе се разговара и за враќање на регресот за годишен одмор (К-15)“, се истакнува во соопштението од СДСМ.

Додаваат дека го вреднуваат трудот на работниците и продолжуваат со политиките за дијалог и инзаоѓање одржливи решенија за подобар живот на граѓаните и повеќе приходи во семејните буџети.

Share
Scroll to Top