Заштеда на 200 милиони евра непродуктивни трошоци, обезбедување храна за наредната година, поголеми плати и пензии, поддршка на граѓаните и компаниите и заштита на стандардот со нови мерки, се одговорни и вистински политики кои се рефлектирани преку ребалансот на Буџетот, велат од партијата на власт.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
СДСМ и владата којашто ја предводи со навремени и добро осмислени мерки, додаваат од оваа партија, добро менаџираат со последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа.
Со СДСМ во време на криза, како што појаснуваат од таму, просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, раст на платите во сите сектори, а следува, како што најавуваат и рекорден раст на пензиите и нова методологија за постојан раст.
„Има голема разлика, СДСМ се грижи за граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ опструира и блокира. За партија како ВМРО-ДПМНЕ којашто мисли дека блокади и деструкции во време на криза се некаква идеја во политиката не може да се очекува ништо друго, очигледно толку е капацитетот“, додаваат од владејачкиот СДСМ.