Собранието ги усвои измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратеници на СДСМ и парламентарното мнозинство. Со измените на Законот се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунарите не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни постапката и веднаш да ги добијат субвенциите, се вели во соопштението од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од партијата наведуваат дека она што особено е вредно да се истакне е дека со измените се отвораат можности за зголемување на поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото. Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош која ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.
Со измените се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.
Исплатата на субвенциите во вредност од една милијарда и 300 милиони денари односно 21 милион евра започнува во следниот период.
Кога целиот свет се соочува со недостаток на важни земјоделски производи, СДСМ презема се за да се поттикне зголемувањето на домашното производство на храна.
Остануваме посветени на реализација на мерки што значат помош за земјоделците и граѓаните за полесно справување со последиците од светската економска и енергетска криза, се вели во соопштението.