СДСМ: Нов случај на криминал за Скопје 2014, поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 години

Обвинителството отвори истрага за нов случај на криминал во Скопје 2014 односно со фасадата на Владата, повторно поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ и нивни поранешни функционери.

Како што е јавно објавено, приватна компанија со амин на тогашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата и близок соработник на Никола Груевски изгризувајќи го тендерот за реконструкција на објектот на Владата, остварил материјална корист од близу осум милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека тоа е истиот Никола Груевски на кој Христијан Мицкоски му бил советник а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај тоа што направил измама и го оштетиле државниот буџет, управителот на фирмата, како што се наведува, прибавил 144.000 евра кои според информациите во јавноста биле за ВМРО-ДПМНЕ.

Истото лице купил три недвижни имоти и по далеку пониска цена им ги продавал на ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа во договор со раководството на партијата.

Гази Баба, Центар Жупа и Крушево каде што ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со недвижен имот за „џабал’к“.

Сето ова се случувало режимот беше во своите најсилни години, кога законите не важеа за лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ кога луѓе од белиот дворец и нивни блиски се богатеа преку ноќ додека граѓаните тонеа во сиромаштија.

Бројни случаи меѓу кој и последниот потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е најкриминалната партија во Европа, се вели во соопштението од СДСМ.

Share
Scroll to Top