СДСМ: Раст на индустриското производство во декември, економијата се враќа во нормала

пред 4 години

СДСМ велат дека има видливи резултати од економските мерки на Владата за намалување на штетните последици од кризата предизвикана со глобалната пандемија на коронавирусот.

„Минатата година, и покрај здравствената и економска криза, по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во стопанството се насочени 397,4 милиони евра. За цела 2020 година извршен е поврат на речиси 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност. Повратот на ДДВ кон фирмите во изминатите четири години има тренд на зголемување. Така во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, а во 2016 година 26%“, велат од партијата.

Зголемениот повратот на ДДВ кон компаниите, растот на индустриското производство во декември, зголемувањето на просечната плата, велат од СДСМ, се само дел од показателите, кои потврдуваат дека мерките на СДСМ даваат резултати, со кои економијата се враќа во нормала.

„СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки за помош на погодените од кризата, како и со ефикасни политики што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на претходните стапките на раст“, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top