СДСМ со амандмани на Буџетот: 20 oтсто повисоки плати за МВР, образованието, здравството, прожарникарите

СДСМ со амандмани на Буџетот: 20 oтсто повисоки плати за МВР, образованието, здравството, прожарникарите

пред 1 месец

Опозициската СДСМ смета дека поднесениот Буџет за 2025 година е неразвоен и недомаќински.

Од партијата утрово потсетуваат дека поднесoa повеќе од 200 амандмани, предлагајќи зголемување на платите во полицијата за 20 отсто, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите.

„Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги. Браме поддршка за нивно усвојување од сите пратеници, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, велат од СДСМ.

Според опозициската партија, нивните амандмани се конкретен план за Македонија којашто, како што велат, се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард.

Текстот СДСМ со амандмани на Буџетот: 20 oтсто повисоки плати за МВР, образованието, здравството, прожарникарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top