Во време на криза, Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард и помош на компаниите.Со ефикасната реализација на пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра, го штитиме стандардот на граѓаните и им помагаме на компаниите да ја сочуваат ликвидноста и да ги задржат вработените, се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат дека спречиле нови ценовни шокови со намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизата и и денес имаме најевтини горива во регинот.
Со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи на 0% и замрзнување на маржите спречивме драматично поскапување на потрошувачката кошничка.
Претходно ја зголемивме минималната плата и веќе од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари.
36.000 семејства со ниски приходи и околу 330.000 пензионери во следните три месеци ќе добиваат по илјада денари месечно на сметките.
Владата предводена од СДСМ интервенира и во намалување на трошоците за електрична енергија преку субвенционирањето на 80% од сметките за струја на домаќинствата, како и преку ваучери за сметки за струја кои ги добиваат околу 6.500 семејства.
Воспоставен е и Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кои во време на криза се соочуваат со потешкотии во производството.
За помош на компаниите на располагање се ставаат неколку механизми за одржување на ликвидноста и конкурентноста.
Како одговорна партија продолжуваме парите да ги насочуваме кон граѓаните, кон сите они на кои им се потребни во време на криза, само така предизвиците успешно ќе ги совладаме, се вели во соопштението.