Се доставуваат опомените за неплатен долг на данокот на личен доход по Годишната даночна пријава за 2023

Се доставуваат опомените за неплатен долг на данокот на личен доход по Годишната даночна пријава за 2023

пред 4 месеци

Управата за јавни приходи започна со доставување на опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година.

Со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денари, извести УЈП.

Во изминатиот период, преку персонализирани пораки, УЈП ги потсети овие даночни обврзници за долгот и за начинот за уредно исполнување на обврската.

Дополнително, Управата за јавни приходи, врз основа на најчестите грешки што се прават при плаќање и пополнување на даночните пријави, на својата веб страна објави упатство кое треба да послужи на даночните обврзници кои добиле известување или опомена за неплатен долг, а кои сметаат дека ја исполниле обврската или не треба да имаат обврска за плаќање на данок. Во упатството се опфатени можните причини за неусогласеност и што треба да сторат во наведените случаи (линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1992)

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да се следат упатствата за уредно плаќање на данокот и навремено да се плаќаат обврските за да не се соочат со дополнителни трошоци кои настануваат при наплата на долгот од страна на УЈП.

Текстот Се доставуваат опомените за неплатен долг на данокот на личен доход по Годишната даночна пријава за 2023 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top