„Со стратешката инвестиција во Скопје обезбедуваме поевтина струја за граѓаните“, велат од СДСМ

„Со стратешката инвестиција во Скопје обезбедуваме поевтина струја за граѓаните“, велат од СДСМ

пред 10 месеци

„Со договорот за стратешката инвестиција за изградба на когенеративна централа во Скопје, се обезбедува поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години. Со изградбата на гасната централа во Скопје освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија“, соопшти СДСМ.

„Долгорочната енергетска стратегија на СДСМ е да има доволно количина на енергија за сите потреби на граѓаните и компаниите и државата повеќе да не биде зависна за гас и струја.

Енергетската транзиција во државата ќе се случи не само со јавни инвестиции, туку и со приватни инвестиции, кои се неодминливи.

СДСМ како одговорна партија гради ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалува зависноста од увоз“, се додава во соопштението на СДСМ.

Текстот „Со стратешката инвестиција во Скопје обезбедуваме поевтина струја за граѓаните“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top