Трета генерација на успешниот SUV: новиот Audi Q7 ги обединува разновидноста и перформансите

Трета генерација на успешниот SUV: новиот Audi Q7 ги обединува разновидноста и перформансите

пред 4 часа

· Извршниот директор на Audi, Gernot Döllner: „Повеќе од 20 години Audi Q7 претставува совршен премиум SUV. Со неговата нова генерација, ја продолжуваме оваа мисија.“

· Варијабилна конфигурација со до седум седишта нуди пространа внатрешност и максимална практичност во секојдневието.

· Големиот панорамски покрив со нови функции создава чувство на просторност дење и ноќе.

· Моќниот V6 дизел мотор со MHEV plus технологија и EPC обезбедува непосреден одзив и висока ефикасност, во комбинација со уште подинамичен постојан quattro погон на сите тркала како стандард.


Со новиот Q7, Audi продолжува да го надградува своето исклучително успешно наследство во SUV сегментот. Третата генерација на овој успешен модел се докажува како разновиден придружник – подеднакво подготвен за динамично деловно секојдневие, опуштени викенд патувања или долги авантури на отворен пат.

Q7 поставува нови стандарди во пространоста, динамиката на возење, удобноста и технологијата. Истото важи и за неговиот препознатлив надворешен дизајн, кој се истакнува со моќна силуета и впечатлива дигитална светлосна технологија.

Достапен со пет, шест или седум седишта, Q7 нуди максимална разновидност и практичност во секојдневната употреба. Патниците ќе уживаат во пространиот ентериер, кој вклучува и осветлен панорамски покрив со можност за промена на транспарентноста.

Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски V6 дизел мотор кој развива 220 kW (299 PS) или 180 kW (245 PS), во комбинација со MHEV plus технологија. Системот вклучува powertrain generator кој привремено обезбедува дополнителни 18 kW (24 PS) за поголеми перформанси. Дополнително, електрично придвижуваниот компресор овозможува моќно забрзување уште од старт.


„Повеќе од 20 години Audi Q7 го претставува совршениот премиум SUV. Со неговата нова генерација ја продолжуваме оваа мисија. Тој комбинира спортски и моќен дизајн со исклучително разновиден ентериер, врвни материјали и широк спектар на технологии“, изјави извршниот директор на Audi, Gernot Döllner.

„Флексибилната конфигурација со до седум седишта, големиот панорамски покрив кој создава чувство на пространост и висококвалитетните, внимателно усогласени материјали дополнително го нагласуваат неговиот премиум карактер. Самоуверените перформанси, потпомогнати од моќниот погон со MHEV plus технологија и quattro погон на сите тркала, го прават новиот Q7 вистински сеопфатен SUV – идеален за деловни обврски, семејни патувања и слободно време.“


Без разлика на подлогата, Audi Q7 уште од 2005 година претставува совршена комбинација на препознатливите quattro перформанси и врвната практичност во секојдневната употреба. Со новата генерација, Audi дополнително ги развива овие квалитети. Благодарение на своите впечатливи пропорции, високата странична линија и карактеристичниот преден дел со препознатливата Singleframe маска, новиот Q7 остава моќен впечаток на патот.

Во внатрешноста, патниците ги пречекува пространа кабина со исклучително ниво на удобност. Стандардно, Q7 е опремен со пет седишта. За првпат, како опција се нудат и две индивидуални седишта во вториот ред. Во комбинација со уште две седишта во третиот ред, Q7 се трансформира во шестосед, дополнително нагласувајќи го чувството на бизнис-класа и удобноста при долги патувања.

За оние кои имаат потреба од максимална практичност, и понатаму е достапна популарната конфигурација со седум седишта, која овозможува поставување на три детски седишта. Сите седишта се електрично прилагодливи. Во највисокото ниво на опременост, посебен впечаток остава големиот осветлен панорамски покрив со можност за промена на транспарентноста.

Практичноста е дополнително унапредена со бројни прегради за складирање во вратите и новата централна конзола. Таа се одликува со елегантни декоративни површини и овозможува безжично полнење на два паметни телефони според Qi2 стандардот, како и дополнително големи држачи за чаши.

Верзијата со пет седишта располага со багажен простор до 806 литри. Со преклопување на вториот ред седишта, капацитетот се зголемува на импресивни 2.075 литри. Кај верзијата со седум седишта, зад вториот ред се достапни 722 литри простор за багаж, додека максималниот волумен зад првиот ред достигнува 1.980 литри.

Светлосната технологија игра особено важна улога во изгледот на новиот Q7. Опционалните digital Matrix LED предни светла со micro-LED модули користат технологија која овозможува директна проекција на светлосни обрасци со висока резолуција, отворајќи нови можности за адаптивна распределба на светлината и напредни функции за асистенција при возење.

На задниот дел, третата генерација digital OLED светла нуди комуникациско осветлување и активен дигитален светлосен потпис. Audi Q7 овозможува избор од дури осум различни дигитални светлосни потписи за предните и задните светла. Благодарение на поголемиот број сегменти во OLED панелите, создадени се впечатливи тродимензионални светлосни ефекти.

Нова функција е и проекциското осветлување во вратите. При отворање на возачката или совозачката врата, на подлогата се проектира бел ромб кој ги пречекува патниците и го осветлува пристапот до возилото.

Audi дополнително ги интегрира светлосните функции со системите за асистенција при возење. На пример, преку lane guidance и orientation светлата, важните информации од асистентите се прикажуваат директно во видното поле на возачот, со јасна визуелна врска со околината. На овој начин дополнително се зголемува безбедноста при возење.

Напредните покажувачи на правец се први од ваков вид. Во ноќни услови, стилизиран сигнал се проектира на подлогата синхронизирано со динамичките трепкачи напред и назад, со што другите учесници во сообраќајот, како велосипедистите, навремено се предупредуваат за промена на лента или свртување.

Q7 располага и со широк спектар системи за асистенција, меѓу кои adaptive driving assistant plus, кој го поддржува возачот при забрзување, сопирање, одржување брзина, растојание и позиција во лента. Ова значително го олеснува возењето, особено на долги релации.

Функцијата trained parking овозможува возилото да научи индивидуални маневри за паркирање, додека новиот reverse assist обезбедува дополнителна помош при излегување од слепи улици и тесни простори.

Новиот Q7 ќе биде достапен со 3.0-литарски V6 дизел мотор кој испорачува 220 kW (299 PS) и 630 Nm вртежен момент или 180 kW (245 PS) и 500 Nm. Моторот е опремен со MHEV plus технологија и електрично придвижуван компресор кој обезбедува непосреден одзив на педалата за гас.

MHEV plus технологијата, во комбинација со новата генерација powertrain generator, обезбедува дополнителни 18 kW (24 PS) поддршка на погонскиот систем. На тој начин, V6 моторот нуди моќни стартувања и висока ефикасност при возење.

Стандардно, Q7 доаѓа со осумстепен tiptronic менувач и постојан quattro погон на сите тркала со нов централен диференцијал со ограничено пролизгување и претходно оптоварување. Ова овозможува подобрена тракција, попрецизен одзив на управувањето и уште подинамично, но истовремено стабилно возачко искуство.

Стандардната суспензија со челични пружини обезбедува висок степен на удобност. Како опција се достапни adaptive air suspension и adaptive air suspension sport со контролирано амортизирање, кои дополнително ја зголемуваат агилноста и разновидноста на возилото.

ПР

Текстот Трета генерација на успешниот SUV: новиот Audi Q7 ги обединува разновидноста и перформансите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top