Без струја шест скопски општини

АД ЕСМ набавува електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

пред 1 месец

Со цел обезбедување на вкупните потреби од електрична енергија за Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме, обезбедување на загубите во електродистрибуција и системските услуги за АД МЕПСО, како и оптимизација на производството и акумулациите, АД ЕСМ согласно објавен јавен оглас ќе изврши набавка на електрична енергија за периодот 1-15 ноември.

“Вкупната набавка на електрична енергија е 44,1 GWh, односно 28,8 GWh базна енергија, 15,3 GWh пикова електрична енергија, во период на најголема дневна потрошувачка на електрична енергија.
Вкупните дневни количини кои треба да ги обезбеди АД ЕСМ изнесуваат 12.050 MWh. Потребите од набавка на електрична енергија се адаптирани врз основа на временската прогноза за наредниот период и естимираната потрошувачка во ноември.
Набавката на електрична енергија е потребна за зачувување на хидропотенцијалите кои се на ниво на 19% од вкупната акумулирана енергија, што е далеку под просекот за овој период од годината. АД ЕСМ внимателно ја следи состојбата и ќе ги прилагодува потребите од набавка врз основа на сопствениот расположлив производствен капацитет. Со оглед на слабиот хидропотенцијал, компанијата ќе продолжи со производство на електрична енергија искористувајќи ги пред сè, своите расположливи капацитети ТЕ Битола 2, ТЕ Битола 3 и ТЕ Осломеј, како основа за производство на базна енергија. Согласно воспоставената динамика и потребите на системот, компанијата ќе продолжи да купува електрична енергија на секои две недели до крајот на годината во согласност со потребите на универзалниот снабдувач и зголемениот конзум во претстојниот период“, соопшти компанијата.

Во втората половина од ноември, како што информираат, во план е вклучување и на ТЕ Осломеј за чии потреби во тек е отворен јавен повик за набавка на 400.000 тони висококвалитетен јаглен за период од шест месеци. Станува збор за количини кои АД ЕСМ нема да има обврска да ги набави. Набавката, според соопштеното ќе се врши само ако се добијат поволни цени и доколку јагленот е во согласност со параметрите за калоричност, соодветни за термоелектраната Осломеј. Повикот, напоменуваат, е транспарентно објавен на веб страницата на АД ЕСМ и во два дневни весници.

Текстот АД ЕСМ набавува електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top