Активирај се навреме! – нова платформа за општествено одговорни проекти

пред 2 години

Активирај се навреме, бидејќи сега секое капаче има вредност – повеќе детски насмевки!

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На глобално ниво, сè почесто слушаме за препораките за поголема еколошка дисциплина и одговорност, со цел да имаме подобра иднина.

Последните случувања со кои се соочивме во изминатиот период јасно укажуваат на тоа дека што поскоро мора да го смениме начинот и навиките на нашите секојдневни активности. Како одговор на тоа, компанијата Credissimo во насока на зајакнување на јавната свест за потребата од еколошки промени и успешната историја со проекти од општествен вид, реши да формира посветена платформа Активирај се навреме, која ќе биде посветена на реализација на национални општествено одговорни кампањи. Да се активираш навреме значи да преземеш иницијатива за почисто и подобро утре.

На 1.6.2022 г., Активирај се навреме почна со голем хуманитарно-еколошки проект под името „Секое капаче е вредно“, чија главна цел е да се активираат граѓаните со цел да соберат колку што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат преземени за рециклирање преку логистичкиот партнер на кампањата „Пакомак“, со што директно се помага во подобрување на животната средина.

Собраните средства кои се обезбедуваат преку откупот за рециклирани капачиња, заедно со финансиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реконструкција на детските одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување подобри услови за лекување.

Пред самиот влез на Зоолошката градина – Скопје, на 1.6.2022 г. беше поставена првата метална конструкција/корпа која е наменета токму за собирање на капачињата. Исти вакви конструкции во наредниот период ќе бидат поставени и во Тетово, Битола и Охрид.

Пластичните капачиња се направени од полипропилен (т.н. PP #5), еден од најтешките и најцврстите пластични материјали. Поради таа причина, капачињата воопшто не се разградливи и се едни од најмалку рециклираните материјали, додека во исто време се во топ 5 отпадоци кои се собираат од акциите на за чистење на природата. Преку проектот „Секое капаче е вредно“, компанијата планира значително да го зголеми бројот на рециклирани капачиња во целата држава.

Започнуваме со проектот за подигање на еколошката свест создавајќи нови навики во секојдневното функционирање на граѓаните, сè со цел – еколошки почиста животна средина за сите нас, а во исто време помагаме да се овозможат подобри услови за лекување во целата држава. Предизвиците со кои ќе се соочиме преку платформата „Активирај се навреме“ се од социјален, хуманитарен и еколошки карактер и таа има за цел континуирано да реализира разни проекти со кои ќе влијаеме на унапредувањето на животната средина. Спроведувајќи ваков тип на активности сакаме да влијаеме и на подигнување на свеста на компаниите и граѓаните и заеднички да покажеме колку можеме да придонесеме за заштита на природата што нè опкружува – изјави Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

ЗОО Скопје секогаш со задоволство е дел од хуманитарни кампањи и проекти со кои заеднички со општествено одговорни компании ја покреваме свеста и помагаме онаму каде што е најпотребно. Не радува тоа што кампањата „Секое капаче е вредно” на компанија Credissimo започнува токму од Зоолошка градина Скопје – изјави Кристијан Стаменов, директор на Зоолошката градина во Скопје.

Сега е вистинското време да се активираш, бидејќи секое капаче има вредност – повеќе детски насмевки! Со собирањето капачиња, помагаш во заштитата на животната средина, но и за подобри услови и посовремени детски одделенија низ целата држава.

 

 

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top