Сојузот на стопанските комори на Македонија го споделува барањето на компанијата „Марион трејдинг“, со седиште во Обединетото Кралство, која е специјализирана за дистрибуција на источноевропски прехранбени производи.
Моментно бараат сигурен деловен партнер за набавка на производи од ферментирана зелка.
Нивниот годишен обем на набавки за овие производи е приближно 1.000 тони и сакаат да воспостават долгорочно партнерство со доверлив доставувач, велат од Стопанската комора.
Сите заинтересирани компании за соработка може да се пријават најдоцна до 20.2.2025 година до 14 часот на следниот имејл: [email protected]
Текстот Англиска компанија бара партнери за соработка од Македонија е превземен од МАКФАКС.