Бензините и дизелот поскапуваат 1,5 денар

Бензините и дизелот поскапуваат 1,5 денар

пред 11 месеци

Регулаторната комисија за енергетика соопштува дека од полноќ бензините и дизелот поскапуваат 1,5 денар.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98′, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат 1,5 денар за еден литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22 јануари.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,293 денари/кг во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22 јануари.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,50 (денар/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,439 (денар/килограм)

Текстот Бензините и дизелот поскапуваат 1,5 денар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top