Бислимоски: Колку ќе биде просечното зголемување на цената на електрична енергија ќе објавиме во среда

пред 2 години

„Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во среда да одржи подготвителна и главна седница на која ќе бидат соопштени цените на блок тарифите, изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Во текот на оваа недела, најверојатно в среда РКЕ ќе одржи подготвителна и главна седница на која ќе ги соопшти цените на блоковите и ниските тарифи, а до тогаш ќе ги оставиме познатите експерти во државата да лицитираат со цените, рече тој на подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи) што се одржа на ФЕИТ.

Бислимоски рече „колку ќе биде просечно зголемување на цената сето тоа ќе го објавиме во среда. Апсолутно тоа што е во четвртиот блок е само за во четвритот блок, за остананатите блокови ќе се води сметка да можат потрошувачите да си ги платат своите сметки за електрична енегрија доколку имаат своја нормална и разумна потрошувачка со електрична енергија“.

Изјави дека заклучно со шести месец иако биле планирани 0 денари за набавка на струја од увоз, ЕВН Хоум заради, како што вели, некоректен однос на одредени индустриски потрошувачки и општини направи непланирана набавка од 33 милиони евра.

„Дополнително имаме ситуација да уредбата за кризна состојба се укина и исто така универзалниот снабдувач ќе има обврска да ја откупува електричната енергија и од повластените производители, тоа е некаде околу 10 милиона евра, и цената на ЕСМ е нешто повисока, од 41 евро на 48 евра за мегават часа, но притоа треба да се знае дека и ЕСМ ќе обезбеди загуби на електрична енергија во дистрибутивната мрежа по 143 евра за мегават час. Така да ЕСМ сериозно влијае на намалувањето на ризиците врз цената“ – истакна Бислимоски на прес-конференцијата.

Share
Scroll to Top