Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното

Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното

пред 9 месеци

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

„Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне, пред сè, ним“, рече Бислимоски на прес-конференција.

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одредени одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преносoт на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач,носи само регулаторот за енергетика.

„Ниту партија вовела евтина тарифа ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ“, додаде првиот човек на Регулаторната.

По реакциите дека воведувањето 200 денари давачка за мрежарина било неуставно, Бислимовски нагласи дека нејзиното укинување би ги зголемило цените на електричната енергија за првиот блок за 9,3 %, односно за евтината тарифа 14,54 проценти.

Текстот Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top