Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со Крис Бартон, комесар за трговија на неговото величество, кралот Чарлс Трети, и претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
На средбата од двете страни беше заеднички оценето дека одличните политички односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, како и за градење нови деловни релации помеѓу бизнис-заедниците на двете земји.
Вицепремиерот Битиќи го информира комесарот Бартон за економските приоритети на Владата, притоа истакнувајќи дека тие може да бидат искористени за создавање нови можности за понатамошно унапредување и развој на традиционално добрата економска соработка помеѓу двете земји.
Текстот Битиќи се сретна со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон е превземен од МАКФАКС.