На денешната трибина на тема „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“ учествуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.
Бојковска на самиот почеток истакна дека младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките и дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ како власт се движи во правилна насока.
„Морам дека кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките, бидејќи заедно со Унијата на млади сили направивме и низа на мерки во коишто бевме во дослух со младите односно беа организирани каравани насекаде низ Македонија се со цел да се слушнат потребите на младите во секој еден дел од државата. Нашата политика на дејствување оди во правилна насока и сега кога Власта ја презема ВМРО-ДПМНЕ мислам дека уште позасилено треба да работиме на истото, со уште позасилено темпо ќе работиме во таа насока да останеме во чекор со младите, една од мерките всушност беше и оперативниот план за вработување и една од приоритетните мерки во коишто беа истакнати три области во коишто младите треба да бидат центар и фокус на носење на политиките, тоа се образованието, вработувањето и обезбедувањето на Дом за млади“, објасни Бојковска.
Пратеничката исто така истакна дека сега условите за вработување на младите луѓе се многу подобри за разлика од претходно.
„Освен што се дава суштинска поддршка на младите претприемачи за да се поттикне вработувањето на младите луѓе во Македонија, со оперативниот план кој се однесува над 65% на млади луѓе до 29 години, за разлика од тоа во претходната власт особено младите луѓе се сеќаваат за оној скандалозен Фонт за иновации каде што сведочевме на проневерени средства од 3 милиони евра, и мислам дека со тоа што младите го гледаа и сведочеа ја казнија тогашната власт, сега ситуацијата е многу поинаква, се вреднуваат суштинските претприемачки бизнис планови, и ќе биде процесот многу транспарентен многу отворен за младите се со цел да ја погодиме суштината, а тоа е да го подобриме вработувањето на младите луѓе“, рече Бојковска.
Текстот Бојковска: Нашата политика на дејствување се движи во правилна насока, само оперативниот план за вработување се однесува на 65% од младите до 29 години е превземен од МАКФАКС.