(Видео) Богдановски: Инвестицијата во „Александруполи“ обезбедува капацитети за стабилно снабдување на земјата со гас

пред 3 години

Со потпишувањето на Меморандум за соработка на АД ЕСМ, АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе стане дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри, изјави Далибор Богдановски , член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Тој појасни дека нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати. Проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра.

Во инвестицијата во гасниот терминал предвидено е нашата држава да има учество од 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра.

„Според планот до 2023 година во употреба треба да бидат ставени и гасниот терминал и гасната станица. Со овој сериозен, капитален проект, создаваме можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за државата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и натаму во регионот. Оваа инвестиција обезбедува капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без никакви ризици, во следните 15 години“, рече Богдановски.

Тој кажа дека со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да добиеме снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други.

Share
Scroll to Top