(Видео) Георгиевски: Започнуваме сеопфатна акција во земјоделството

пред 2 години

Владата предводена од СДСМ го донесе Националниот план за производство на храна, а институциоте работат посветено на неговото спроведување. Со буџет од 500.000.000 денари, започнуваме една огромна, сеопфатна акција за зеемјоделскиот сектор, со поддршка каква што немало досега, јавна, транспарентна и поддршка која е наменета за сите, изјави на денешната прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој додаде дека за прв пат во историјата на политиките за рурален развој, во еден ден објавени се пет јавни повици за финансиска поддршка со различна намена, но со една цел, а тоа е да постигнеме модерно, одржливо и исплатливо домашно производство на храна.

Предвидениот буџет за сите овие мерки изнесува 500.000.000 денари.

Георгиевски истакна дека СДСМ е партија која се борела и ќе се бори за родова еднаквост и за ваше економско зајакнување. Еден од начините за таа заложба беше и мерката 115 од Програмата за рурален развој, специјално наменета за жени носителки на земјоделски стопанства, која е единствена од таков тип во регионот.

Јавниот повик за финансиска поддршка за жените од руралнкте средини е отворен и ги повикуваме сите жени, активни во земјоделството, да ја искористат оваа можност и да набават опрема, со која ќе ја остварат својата идеја за да ги пласираат на пазарот специјалитетите од разни преработки, пчеларски производи, сирења и други млечни производи, како што тоа го сторија 250 жени претходно.

Висината на грантовите по корисничка е 360.000 денари, што значи двојно зголемување на поддршката од порано.

Тој ги повикува сите земјоделци, да се придружат во оваа борба за домашно производство на храна, бидејќи тоа е патриотизам и одговорност кон државата.

Share
Scroll to Top