(Видео) Димитриеска Кочоска: Владата за само 3 години ги задолжи граѓаните за над 2.3 милијарди евра

пред 2 години

Најавите за ново задолжување од владата ќе ја фрли Македонија на колена. За само две години Владата на СДСМ и ДУИ не задолжи со нови 1,6 милијарди евра, а со новото повисоко задолжување оваа година кое го планираат со ребалансот на буџетот, новиот долг за само три години ќе биде 2,3 милијарди евра и ќе достигне историски ВРВ од 7,9 милијарди евра. Со вакво темпо на задолжување, вкупното задолжување коешто го направи оваа влада за период од 6 години го надмина 10 годишното задолжување на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ – само за споредба 3,2 милијарди евра за 6 години, наспроти 2,9 милијарди евра за 10 години, изјави на денешната прес-конференција, Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

Так додав дека сега на повидок е ново задолжување кое го правдаат со енергетската криза и негативните ефекти од војната во Украина. На сите ни е јасно дека повторно оваа Влада не се справува успешно со кризите, како што не се справија ни со кризата предизвикана од пандемијата.

Димитриеска Кочоска истакна дека на сите ни е јасно дека македонската економија е исправена пред уште еден силен предизвик. Војната во Украина и економските санкции на Западот кон Русија ќе имаат тешки и долгорочни последици врз светската, а со тоа и врз домашната економија. Инфлацијата ја јаде куповната моќ на парите, а платите не растат со темпо на инфлацијата. Фирмите се соочуваат со тешкотии во пласманот на странските и домашниот пазар, со зголемени цени на импутите во производство, со намалени изгледи за раст на бизнисот. Нерамнотежата во платниот биланс во подолг временски период е висока, а населението се плаши за денарските заштеди. Државата исправена пред овие предизвици треба да ја води кредибилна Влада. Влада којашто нема да работи во корист на сопствено збогатување и расипничко трошење.

Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи. Оваа Влада своите лични интереси ги стави пред државните интереси – како во политиката, така и во економијата. Време е да се смени. Затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори, изјави Димитриеска Кочоска.

Share
Scroll to Top