(Видео) Зоран Заев: Време е регионот да си го брендираме и промовираме како уникатен инвестициски потенцијал

пред 2 години

Говорејќи за предизвиците од војната во Украина на овогодинешното издание на Сараево Бизнис Форум, поранешниот премиер Зоран Заев нагласи дека Светот, Европа, а со тоа и регионот, не се соочува само со намалена продуктивна моќ на компаниите или со намалена продажба поради намалената куповна моќ на граѓаните, туку и со предизвикот да се зачуваат работните места.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Денес предизвиците се многу поголеми – недостаток на храна, глобална реорганизација на снабдувањето со енергенси, ценовни шокови“, оцени Заев.

Факт е дека се намалени проекциите за економски раст на глобалната и европската економија.

Светска банка во својот априлски Економски извештај за Европа и Централна Азија наведе дека стапката на раст во Западен Балкан ќе падне на 3,2 отсто во 2022 година. Тоа е намалување за 0,9 процентни поени во однос на јануарската проекција кога беше прогнозиран раст од 4,1%.

„Затоа, регионалната соработка ја ставам на првото место. Време е регионот да си го “спакуваме” и како инвестициски потенцијал.Недостатоците oд вештини, од работна сила, од продукциски капацитети, па дури и од храна, било која од нашите држави, можеме да ги надоместуваме потпирајќи се на нашите соседи односно на регионалната соработка. Затоа силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во тргањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион“ повика поранѓниот македонски премиер од Сараевскиот Форум.

Според Заев „За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“.

Тој потсети на значењето на проектот Александруполи, кој како што рече е типичен пример како треба да се игра регионално кога е во прашање глоабалната енергетска политика.

Заев сугерира државите да продолжат засилено да ги помагаат граѓаните директно. Особено најранливите и најсиромашните. Опоравувањето бара одржување на куповната моќ на семејствата, а со тоа и амортизација на ценовните шокови.

„Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така. Државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение. Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези, блокади, исклучивост и насилство“, поентираше поранешниот македонски премир Зоран Заев.

Share
Scroll to Top