„Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо“, кажа Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти. Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно. Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот.
А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа. Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти. Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти. Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.
Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места. И има уште еден многу важен податок. Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%. Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните.
Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува. Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување.
Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи. И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани“, изјави Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот (Видео) Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3% е превземен од МАКФАКС.




