(Видео) Мицкоски: Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците

(Видео) Мицкоски: Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците

пред 19 часа

Од последни во Европа по странски инвестиции, минатата година која што беше половина наша година, од наша влада, ја завршивме со рекордно ниво на директни странски инвестиции, од милијарда 255 милиони евра што ја прави државата прва во Европа, по странски инвестиции по глава на жител. Тоа значи прва во регионот, од последни- први за само шест месеци, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.

Сетете се само на двоцифрените бројки на инфлација. 18-20-22-23 проценти инфлација. За да денес, во март објавиме ниво на инфлација од 2,7% едно од најниските во Европа. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците 9 – 10 проценти на годишно ниво. индустриското производство кое што беше длабоко во минус, денес во март изнесува 5.2 проценти и е најголемо индустриско производство, раст на индустриско производство, не само во регионот туку и во Европа. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се ако кажат оние од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи, денес има работа, пот , одговорност и посветеност. Тоа е оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ. Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се реновираат, кои се градат. И најавувам изградба на еден таков, нов студентски дом во Штип, по склопот на новата зграда на медицинскиот факултет, по склопот на новиот клинички центар, кој што е го почнеме како резултат на Договорот а стратешко партнерство со Велика Британија, 200 нови најмодерни најсовремени легла за нашите млади, за нашите студенти, за идните доктори. Од срамни и штетни, предавнички договори до договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Од одземена и обезличена држава до држава која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори.“, кажа премиерот.

Текстот (Видео) Мицкоски: Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top