(Видео) Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност

(Видео) Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност

пред 5 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека изградбата на гасниот интерконектор со Србија е проект од стратешко значење за Македонија, кој ќе придонесе за поголема енергетска поврзаност со соседните земји и зајакнување на геостратешката позиција на државата. Според него, со реализацијата на интерконекторите со Грција и Србија, Македонија ќе добие целосна вертикална поврзаност и ќе направи значаен чекор кон остварување на целта да биде регионална раскрсница на паневропските коридори 8 и 10.

„По завршувањето на овој проект и комплетирањето на интерконекторот, односно цевководот што ќе не поврзе со нашиот јужен сосед, со Грција, очекувам дека би требало тој проект да се заврши некаде првата половина на следната година, иако втората половина, еве крајот на 2028-та се заврши овој интерконектор со нашиот северен сосед, ќе добиеме целосно вертикална поврзаност којашто е дел од коридорот 10 и геостратешката позиција на државата станува драматично позначајна откако овие проекти ќе бидат реализирани, споредно со тоа што беше во минатото. Да бидам попрецизен, споредено со тоа што сме денес“.

Ние сме држава, додаде Мицкоски, којашто не излегува на море и со вакви проекти, како што нагласи, ја подобруваме и нашата геостратешка положба како држава.

Како што оцени, овие проекти имаат огромно регионално, па и пошироко геостратешко значење.

„Второ што за мене е многу значајно, тоа е автопатот Блаце-Скопје, а тоа е што македонска компанија ќе ги изведува работите, и тоа е многу важно за македонската економија. Така беше и вчера, така е и денес и тоа е наш приоритет како Влада, македонски компании да изведуваат вакви стратешки проекти, се разбира во рамките на капацитетот којшто ние го имаме како држава и како градежна оператива“.

Ова, додаде Мицкоски, е уште една инвестиција кон реализирање на стратешката цел на владата, а тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 8 и 10, која што раскрсница ќе се темели на три столба, а тоа е инфраструктурно поврзување во рамките на патната инфраструктура, односно автопатите и експресните патишта.

„Ќе биде исто добро и онаа отсечка за која што зборувавме до другиот наш северен сосед до Косово, ако можеме да ја направиме. Јас вчера зборував и со премиерот на Косово дека и покрај тоа што они имаат доволно количини на јаглен, но имајќи предвид новите регулативи во рамките на Европската Унија итн., оваа физибилити студија можеби ќе ни даде одговор за потребите, па можеби во иднина, иако они сега велат дека не им треба ваква врска, мислам дека треба да се оствари можност за во иднина и тоа да се сработи.

Текстот (Видео) Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top