(Видео) Ристова: Ребалансот на Буџетот носи поддршка за граѓаните и економијата, пратениците да го поддржат

пред 3 години

Ребалансот на Буџетот за 2020 година е важен за помош и поддршка на граѓаните, компаниите и е во насока на надминување на негативните економски последици од коронакризата, изјави пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова.

„Со Ребалансот се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во вкупна вредност од 470 милиони евра. Овој пакет содржи сеопфатни мерки за помош на граѓаните, стопанствоото и нашата македонска економија. Со него ќе се спасат 83.000 работни места чии плати за месеците октомври, ноември и декември ќе бидат помогнати со 14.500 до 21.776 денари месечено. Околу 283.000 граѓани ќе добијат платежни картички од по 6.000 денари за зајакнување на куповната моќ и приватната потрошувачка“, рече таа.

За компаниите погодени од кризата, додаде Ристова, наменети се десетици мерки како грантови, бескаматни кредити, државна и царинска гаранција и даночни олеснувања.

„Ребалансот на Буџетот ја потврдува заложбата на парламентарното мнозинство и на Владата предводени од СДСМ за навремена, ефикасна помош за сите погодени од коронакризата. Во овој период на есенски бран од КОВИД 19 важно е да го зачуваме јавното здравје, но важно е да ги зачуваме и работните места. СДСМ, како одговорна партија и овде во Собранието и низ сите институции продолжува да се бори со негативните здравствени и економски последици од коронакризата. Грижата за сите продолжува уште повеќе, уште подобро“, рече Ристова.

Share
Scroll to Top