(Видео) СДСМ предлага зголемување на платите на полицајците за 20 отсто

(Видео) СДСМ предлага зголемување на платите на полицајците за 20 отсто

пред 1 месец

СДСМ предлага 20 отсто зголемување на платите на полицајците. Ексминистерот на МВР и пратеник, Оливер Спасовски, го оцени предлог-буџетот за 2025 година како погубен, посочувајќи дека тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците.

Вели дека за полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да има и мотивирани полицајци, а таа цел со овој амандман целосно се исполнува.

„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани. Во изминатите години СДСМ силно инвестираше и во подобрување на животниот стандард на граѓаните и на модернизација и подобрување на условите за работа“, рече Спасовски.

Покрај платите, СДСМ има амандман и за набавка на нови современи технички средства. Опозициската партија бара пренамена на пари за 4 нови командни центри. Поднесен е амандман и за 30 специјализирани дронови за работа на полициските сили, за набавка на 300 напредни комуникациски уреди како и 50 уреди за мерење на издувните гасови на возилата.

СДСМ поднесе над 200 амандмани на Буџетот за идната година.

Текстот (Видео) СДСМ предлага зголемување на платите на полицајците за 20 отсто е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top