(Видео) Трипуновски: Tутунарите ги живеат најцрните денови, килограм тутун се откупува и за 150 денари

пред 3 години

Килограм тутун се откупува за 150 денари. Ова не е ниту доволно да ги покрие основните трошоци за тутунарите. За заработка воопшто и не станува збор. Од почетокот до сега тутунот се цени за една до две класи пониско. Тутунарите се понижени и обесправени, а нивната мака и труд потценети, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, додаде тој, одбитоците по килограм тутун се од 8 проценти и повеќе, само за споредба претходните години одбитоците се движеа околу 5 проценти.

„Се бара начин како тутунарот да се оштети, а власта преку смешните изјави на министерот за земјоделство стои на страна, гледа и ништо не превзема. И после овој прес ќе ме обвинат за собирање на политички поени. Но, какво е тоа собирање на политички поени кога јас речиси цела година алармирав, молев и предупредував до надлежните институции дека ова ќе се случи уште кога го сменија законот за тутун со кој се дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Ова не е почитувани ниту политика, ниту политички интерес. Ова е вистинската грижа за земјоделците“, рече Трипуновски.

Последиците од тие измени на законот, додаде тој, веќе ги гледаме по тоа што оваа година се склучени драстично помалку договори за откуп на тутун од лани. Според него, согласно проценките, 3 до 4 милиони килограми тутун ќе останат неоткупени, а со тоа штетите на тутунарите и државата ќе бидат огромни.

Трипуновски апелира состојбата да се сфати максимално сериозно и веднаш да се пристапи кон изнаоѓање на реални решенија со што ќе се надмине оваа тешка ситуација на тутунарите кои што ја преживуваат во моментот.

Share
Scroll to Top