(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрби „Северна“

(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите

пред 2 месеци

Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!

Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.

Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.

 

Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.

За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.

Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.

Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.

Текстот (Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top