(Видео) Цветановска: Мицкоски досега им остави време на трговците да ги качуваат цените, намалувањето не е реално

(Видео) Цветановска: Мицкоски досега им остави време на трговците да ги качуваат цените, намалувањето не е реално

пред 2 недели

Таканаречената „новогодишната кошничка“ е нова измама на граѓаните од страна на власта. Мицкоски намерно им остави време на трговците да ги качуваат цените, за сега, кога ќе се намалат, да нема никакво реално намалување, истакна на прес-конференција, Симона Цветановска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа изјави дека пред воведување на „лажната кошничка“, трговците ги покачија цените на основните прехранбени производи за 15-20 отсто, со што ударот врз домашниот буџет на граѓаните стана уште посилен. За ова секојдневно сведочат граѓаните.

„Конкретно, ако ги погледнеме цените во маркетите:

Пакување од 10 јајца сега се 90 денари, а неодамна чинеа 75 денари.
До пред две недели зејтинот се продаваше за 82 денари – сега е 89 денари.
Цената на кашкавалот најмногу се зголеми и сега е околу 500 денари за килограм.
За килограм кашкавал граѓаните сега мора да платат 497 денари, а беше 429 денари. Речиси 70 денари зголемување за кило. Исто е и со многу други производи.

„Новогодишната кошничка“ е само евтин ПР да се прикаже дека Владата нешто прави, додека суштински ништо не се менува.Ова не е „грижа за граѓаните“, ова е измама“, изјави  Цветановска.

Додаде дека додека граѓаните се борат за основните потреби, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ уживаат во комфор и високи плати.

Според СДСМ, вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените е предлогот за укинување на ДДВ на храната. Ова е мерка којашто ќе трае цела година, а ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат реално.

Текстот (Видео) Цветановска: Мицкоски досега им остави време на трговците да ги качуваат цените, намалувањето не е реално е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top