„Визер“ најавува нова рута од Скопје до Салцбург

„Визер“ најавува нова рута од Скопје до Салцбург

пред 5 месеци

Летовите за австрискиот град ќе почнат од 1 април 2024 година, цени од 1.239 денари

Авиокомпанијата „Визер“, денеска, објави дека ќе почне нова линија од Скопје до Салцбург, Австрија. Планирано e да почне во април 2024 година, преку целата година ќе се изведува трипати неделно, во понеделник, среда и во петок. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на „Визер“.

„Со задоволство воведуваме нова рута до Салцбург од Скопје. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на „Визер“ и ние се гордееме што сме лидер на пазарот во земјата. „Визер“ останува посветен да им нуди на своите патници извонредни рути и можности за патување со ниски цени за да ги истражуваат атрактивните дестинации во Европа и пошироко“,  изјави Тамара Никифорова, менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.

Салцбург е прекрасен град, сместен на австриските Алпи во близина на австриско-германската граница, познат по своите прекрасни пејзажи, историја и култура. Со мешавина од шарм на стариот свет и модерни вибрации, тој е идеална дестинација за пешачење, скијање или, едноставно, разгледување на прекрасните планински предели.

Патниците се охрабруваат да ги резервираат своите билети рано за да ги искористат предностите на ниските цени за да го направат своето патување до Салцбург уште попријатно.

 

 

Текстот „Визер“ најавува нова рута од Скопје до Салцбург е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top