Владата го утврди Предлог Буџетот за 2024 година за реализација на потребите на граѓаните и раст на економијата

Владата го утврди Предлог Буџетот за 2024 година за реализација на потребите на граѓаните и раст на економијата

пред 6 месеци

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го утврди Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.

Како што соопштуваат, предлог Буџетот за 2024 година е направен согласно потребите на граѓаните и на македонската економија.

Целта е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза.

Се оцени дека Буџетот е добра основа за зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување странски инвестиции, иновативност на домашните компании, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, интензивирање на приближувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ, непречено извршување на обврските коишто произлегуваат од членството во НАТО, непречено спроведување на претстојните изборни активности.

Утврдениот Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Текстот Владата го утврди Предлог Буџетот за 2024 година за реализација на потребите на граѓаните и раст на економијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top